Суперѕвездата Фарел Вилијамс има доста имагинативен стил кој е колоритен спој на различни влијанија и референци, а во новиот моден едиторијал за британското издание на машкиот магазин GQ, е инспириран од африканското племе Масаи. Фарел е фотографиран во Лондон од страна на дуото Hunter & Gatti, во атмосфера со вистинска музика од Масаи со што се создала уште пококретна инспирација за талентираниот музичар. Стајлингот е на Тања Мартин која што избра парчиња од „Бурбери“, Мартин Марџела, „Ланвин“, Џорџо Армани и „Бос“.
Нема коментари