Во белградскиот клуб Drugstore деновиве се случува шестото издание на Balkan Art Fashion Event, манифестација на која во текот на три дена собраа повеќе од 30 млади модни дизајнери од регионот. На списокот се и неколку македонски креатори, една од нив е Ена Зафировска која живее и работи во Љубљана и привлече внимание првата вечер од настанот. Таа се претстави со колекцијата Bianco која што содржи елегантни и женствени парчиња комплетно создадени во бела боја.
Нема коментари