Актерката и поранешна манекенка Дајан Кругер беше прогласена за актерка со најдобар стил на доделувањето на наградите на италијанското издание на магазинот Glamour што се одржа минатата неделаво Милано, а на настанот се појави во креација на „Шанел“ од последната колекција на висока мода за зима 2014. Белиот фустан со сребрени детали го комплетираше со сандали од Кристијан Лубутан и позната проѕирна чанта во облик на парфемот Chanel No. 5.
Нема коментари