Насловната страница на шестиот број на печатеното издание на онлајн-продавницата Net-a-porter ја краси 45-годината актерка Кејт Бланшет облечена во бела креација од ресорт колекцијата на „Миу Миу“. Насловната и фотосесијата за Porter Magazine се дело на Рајан Мекгинли, а талентираната актерка позира и во шарен фустан од „Валентино“. Во новиот број кој од утре ќе почне да се продава на светските трафики, ќе се најде комплетната фотосесија и интервјуто со оскаровката во кое зборува за своите деца, за преселбата од Холивуд во родниот Сиднеј, за соработката со Џорџо Армани на парфемот Si, а искажа пофални зборови за Ема Вотсон и неодамнешниот говор на младата актерка во Обединетите Нации.
Нема коментари