По повод 50 години од лансирањето на италијански Vogue уредништвото во септемврискиот број објави насловна страница со дури 50 модели. Да, ПЕДЕСЕТ манекенки, од различни генерации, меѓу кои се Коко Роша, Линда Евангелиста, Кристи Тарлингтон, Наоми Кембел и Адријана Лима, фотографирани се од страна на Стивен Мајзел. Се чини дека модните уредници се оддалечуваат од тенденцијата на насловните да ги ставаат познати личности, актерки и пејачки, па сега првите страници им ги посветуваат на манекенките. Ова го потврдуваат насловната страница на последниот број на јапонски Vogue, посветена на совршените икони и на познатите супермодели, како и септемврискиот број на американски Vogue, кога во приказната за „Инстадевојките“ уредничката Ана Винтур ги ангажира најактуелните манекенки на денешницата и ги стави таму каде што им е местото – на насловните страници.
Линда Евангелиста, Наоми Кембел, Карен елсон, Еди Кембел, Керолин марфи, Ракел Цимерман, Кристи Тарлингтон, Амбер Валета, Наталија Водјанова и Стела Тенант
Џејми Бочерт, Ванеса Муди, Маријакарла Босконо, Дарија Строкус, Иса Лиш, Иселин Стеиро, Лија Кебеде, Џулија Нобис, Меган Колисон и Лекси Болинг
Анаис Мали, Џесика Стам, Коко Роша, Саша Пивоварова, Саскија де Брау, Феи Феи Сун, Ванеса Аксент, Ријане ван Ромпај, Наташа Поли и Ајмелин Валад
Елиз Кромбе, Џулија Стегнер, Офели Гилермон, Хилари Рода, Миранда Кер, Синди Бруна, Гиневер ван Синас,Џордан Дан, Лиу Вен и Карли Клос
Изабели Фонтана, Аманда Марфи, Керолин Трентини, Камерон Расел, Џоан Смолс, Кендис Хафин, Ана Ењерс, Саша Лус, Адријана Лима и Кендис Свенпол
Нема коментари