Пред неколку дена брендот Келвин Клајн ја откри новата кампања на долна облека за девојки со облини (plus size) и покрена контроверзна дебата – дали манекенката Мила Далбесио, која носи конфекциски број 38, спаѓа во категоријата на полнички манекенки и ако ова е полничка девојка, тогаш како ли би требало да изгледа витка девојка. Далбесио ги рекламира градниците од линијата Perfect Fit. Во модниот свет Мила ја сметаа за една од оние помеѓу слабите и моделите од plus size категоријата. Ама воопшто не е „полничка“!
Нема коментари