Британската супермоделка Кара Делевињ за првпат соло се појави на насловната страница на американското издание на Vogue, а за јулскиот број ја фотографираше Патрик Демаршелие. Во интервјуто за магазинот Кара зборува дека иако потекнува од богато семејство, имала тешки тинејџерски денови, патела од депресија, се самоповредувала, дури и сакала да се самоубие. Во тие денови сериозно размислувала за својата сексуална определеност, а денес се изјаснува како бисексуалка. Кара покрај успехот во модата, се посвети на актерската кариера и деновиве го промовира својот нов филм Paper Towns.
Нема коментари