Супермоделката Ања Рубик ја краси насловната странца на четвртиот број на Porter, магазинот кој произлезе од компанијата Net-a-porter. Полјакината е фотографирана од страна на тандемот Инез и Вонод, а позира на отворено во шик комбинација од слоеви на модни парчиња во неколку загасити бои. Есенскиот број на Porter е посветен на најдоброто од колекциите за есен 2014, а исто така има и интервју со Ања во кое таа зборува за перцепцијата за современите топ модели. „Повеќе не сме само слики од списанија, ние имаме живот, интереси, страсти…“, тврди манекенката.
Нема коментари