Експертите постојано советуваат – обичен сапун и вода со сигурност го убиваат коронавирусот, оттаму и препораките за зачестено и темелно миење на рецете за време на пандемијата од Ковид-19. Кој било сапун, обичен, рачно направен, збогатен со разни супстанци, во течна или тврда состојба – апсолутно секој сапун ги уништува вирусите.
Зошто сапунот ги уништува вирусите? Поврзано е со тоа како молекулите на сапунот реагираат на вирусот.
Сапунот се состои од двострани молекули. Едната страна привлекува вода, другата маснотии. Вирусите се состојат од материјал опкружен со слоеви на протеини и маснотии.
Кога вирусите доаѓаат во контакт со сапун, молекулите на сапунот ги раскинуваат тие слоеви на маснотии. Сапунот буквално ги уништува вирусите.
Се разбира, потребно е време да се случи овој ефект – 20 секунди, затоа имајте го тоа предвид при миењето и задолжително мијте ги рацете минимум 20 секунди.
Во ова видео на Vox објаснето е како сапунот го убива вирусот и зошто треба рацете да ги миењемеповеќе од 20 секунди:
Прочитајте го текстот за виралниот предизвик за безбедни раце и погледнете го видеото во кое генералниот директор на Светската здравствена организација, д-р Тедрос Аданом Гебреизус, ја објаснува како правилно да ги миете рацете за да се заштитите од коронавирусот. Текстот на овој линк: #SafeHandsChallege: Најважниот вирален предизвик во моментов
1 коментар
Браво, многу добро објаснето.
https://medicinskisovet.mk