Во текот на целата година нашата планета кружи околу сонцето и од него ја црпи животната енергија за сите живи суштества на земјата. Сите ние уживаме во благодетите на сончевата енергија, која зависно од годишното време е појака или послаба. Но без сомнение, нема човек кој не ужива во првото пролетно сонце кое сите со нетрпение го очекуваме после ладната и маглива зима. Вообичаено сакаме да седнеме и уживаме на отворено, додека нежните сончеви зраци ја галат нашата кожа. Сонцето го подобрува нашето расположение, ја подобрува циркулацијата, метаболизмот на нашето тело, продукцијата на витаминот Д, но ги поттикнува и одбранбените механизми на нашата кожа кон УВ-те зраци. Сето ова е позитивно за нашето тело, но кај некои луѓе во одреден период од животот УВ-те зраците доведуваат до појава на кафено пребоени делови од кожата т.н. хиперпигментации. Постојат различни видови хиперпигментации – пеги, мелазма, старечки дамки, дамки од сончање, после воспалителни процеси на кожата.
Како настануваат?
Бојата на кожата зависи од пигментот меланин, кој се произведува од пигментните клетки меланоцити, во кожата. Улогата на меланинот е да ја заштити клеточната ДНК од дејството на УВ-те зраци. Зголеменото создавање на пигмент води до кафено пребојување на одредени делови на кожата. Тоа може да се предизвика при претерано изложување на сонце, хормонски промени (пр. при бременост, во климактериум ), воспалителни процеси и кожни трауми, некои лекови, со стареење на кожата.
Како да се справиме со хиперпигментациите?
Ефектот на терапијата зависи од длабочината на исталожувањето на пигментот во кожата, колку е поповршински, толку ефектот ќе биде подобар. Препораките се секогаш да почнеме со најбезбедниот третман за кожата, а тоа се производите за нега на кожа кои го стабилизираат зголеменото создавање на пигмент во кожата. Ефектот на оваа терапија се гледа најчесто по 1-3 месеци, а времетраењето на локалната терапија е со месеци и години, односно бара трпение. Доколку кај пациентот после 3 месеци локален третман воопшто нема намалување на интензитетот на хиперпигментациите, се вклучуваат и дерматолошки манипулации како хемиски пилинг, микродермоабразија и ласерски третмани. После направените третмани за намалување на пигментациите, треба да имаме предвид дека кожата не смееме да ја оставиме без соодветна нега, бидејќи пигментот и понатаму прекумерно се создава и се исталожува во кожата. Затоа месеци потоа се продолжува со производите за локален третман на кожата, кои ја регулираат синтезата на меланин и обезбедуваат соодветна заштита од сонце. Важно е да се има предвид дека хиперпигментациите се потенцираат и од минимална количина на сонце, заради што бараат непрекинато користење на медицинска козметика со висок заштитен фактор од сонце во текот на целата година. И, токму затоа, најголем дел од луѓето појавувањето на хиперпигментации го забележуваат на пролет, кога ја изложуваме незаштитената и неадаптирана кожа на првото појако пролетно сонце.
Eucerin Even Brighter е првата специјализирана серија од медицинската козметика, којашто го помага отстранувањето на пигментните промени на кожата со нејзина регенерација, заштита и подмладување. Благодарение на активната состојка Б-резорцинол, производите ја стабилизираат прекумерната синтеза на меланин и долготрајно ги намалуваат пигментните дамки, со што се постигнува порамномерен и сјаен тен. Глициретинската киселина ја помага регенерацијата на клетките оштетени под дејство на УВ-те зраци и ја заштитува кожата од предвременото стареење. Серијата предлага дневен крем со висок заштитен фактор од сонце (SPF 30), потхранувачки ноќен крем, активен концентрат кој ја зголемува ефикасноста на кремите и коректор за локален третман на пигментните дамки.
Совети од Д-р Соња Петрушевска, специјалист дерматовенеролог
Нема коментари