Под мотото #Бидиподобар викендов неколку стотици џентлемени од нашата земја се собраа на првото издание на саемот за мажи the Gentlemen’s Expo во Скопје. Секој агол од изложбениот салон на BMW и MINI, М-Кар Македонија беше посветен на современите мажи и одговараше на потребите на неговото модерно живеење. Најголема атракција во саботата беше собирот на џентлмени кои дотерани во костуми направија обиколка на сите штандови на саемот.
Можеа да се видат на едно место најновите трендови од машкиот свет: премиум возила, уникатни моторцикли, стил на облекување, аксесоари, моден дизајн, очила и часовници, луксузен ентериер, стајлинг на брада и мустаќи, часови по мечување и врзување на вратоврска, дегустација на врвни пијалоци кои се преферирани од мажите, демонстрација на пури, tech гаџети, женски корнер, музика и забава, презентирања и лични приказни од успешни мажи, предавања за машкото здравје, модни совети од професионалци, предавања за џентлменство и како да се оствари правилен деловен и општествен бон тон, готвење за мажи и уште друго.
Можеа да се пробаат и погледнат производите и услугите на BMW MINI, Божиновски часовници, Dioptra Couture, Smart Living, Signori, Chivas Regal, Бовин винарија, Maya вода, Farel, Garmin, Duna компјутери, Тимст камини, Acibadem Sistina, Мотоцентар, Valdrin Sahiti, Пикс Плус, Attibassi кафе, American Crew, Berber Shop Popeye. Саемот го поддржија Мечувалечка федерација на Македонија, како спорт во фокус, движењето Distinguished Gentlemen’s Ride Скопје и Академија за протокол на Македонија. За кетерингот беше задолжени од Modernist catering, кој вклучува Design catering и микрохрана. Во центарот на саемот беше новиот автомобил BMW X2 , кој беше промовиран деновиве во салонот М Кар.
Меѓу учесниците беше и тимот на нашиот сајт, stylist.mk кој со видеопрезентации прикажани во неколку термини даде стилски совети за соодветен џентлменски изглед, и информираше за трендовите во машката мода. Главен организатор на Gentlemen’s Expo е агенцијата „Боттега Евенти“, раководена од две дами: Ивана Новакова Куновска и Марија Зекмановска Митреска. Ви претставуваме дел од атмосферата на the Gentlemen’s Expo уловено преку нашите фотообјективи и мобилни телефони.
Рачно цртани чевли од @schuster.shoes на @gentlemens_expo #бидиподобар #stylistmk
A post shared by stylist.mk (@stylist.mk) on
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари