Раскошна сценографија, секси долна облека, витки манекенки избрани на стога селекција, повеќе модни теми и богато костимирање, музички ѕвезди како гости, се дел од спектакуларните ревии на брендот за долна облека „Викторија сикрет“. Годишните ревии се повеќе шоу отколку класична модна ревија, кое потоа се емитува на телевизија и околу кое се вртат многу пари. Но како изгледаше првата ревија на „Викторија сикрет“ што се одржа во авуст, 1985 година, во хотелот „Плаза“ во Њујорк.
Креациите беа многу скромни во однос на актуелните, како едноставни градници, сатенски неглижеа, пењоари, класични чанти и карирани пижами, што е многу поразлично од денешната есетика на „Викторија сикрет“. Ги носеа некои од тогашните супермодели – Стефани Сејмур, Беверли Пил и Фредерик ван дер Вал, а на првата ревија немаше ТВ камери, музички настапи, и секако не и крилја какви што носат денешните „ангели“ на брендот.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари