Убави и без мејкап. Ова е првиот коментар што многумина го даваат кога ќе ги погледнат приватните селфи-фотографии што музичките, филмските и ТВ-ѕвезди ги објавуваат на своите профили на Инстаграм. Надвор од очите на јавноста овие холивудските убавици преферираат природен изглед, со минимална или без шминка, а косите им се прибрани во опавче ли се со слободно пуштени со кадрици. Секако, како и сите жени и тие имаат маани, бори, мозолчиња, пеги, но не се плажат да ги откријат пред своите обожаватели. На ова се надоврзува неодамнешата фотосесија и колумна на музичарката Алиша Кис, која одлучи да не се покрива со мејкап. Бар Рафаели, Хајди Клум, Жизел Бундшен, Софија Вергара, Кети Пери, Џенифер Лопез, Дуцен Крос и Адријана Лима(фото горе) , како и Емили Ратајковски, Ријана, Гвен Стефани, Гвинет Палтроу, Џесика Алба, Џенуари Џонс, Дру Баримор, Камерон Дијаз, Хилари Даф, Тејлор Свифт… се само дел од ѕвездите што одлучија да го “откријат“ своето лице и да се појават во јавност без шминка.
Нема коментари