Привлечноста на францускиот стил понекогаш ни изгледа како мистерија и необјаснива формула која се базира на она je ne sais quoi, ама одредени трикови и совети се откриваат сосема случајно. Па така блогерката Емили Шуман од Cupcakes and Cashmere раскажа за една ситуација која разотрки нов правило – неодамна во еден свој пост објавила фотографија на која носи краток фустан и високи чевли, на што реагирале француските читачи. Една читачка ѝ пишала „Убав фустан. Мислам дека ќе изгледа поубаво ако одбереше ниски обувки. Јас обично носам ниски чевли ако здолништето е над колена, и штикли со подолго здолниште. Француско правило…“.
Француско правило!? По мало истражување по блогови и изгледи од улична мода, навистина се среќава ова правило. Значи, вака, ако носите фустан или здолниште над колена бирајте ниски обувки – балетанки, оксфорд-чевли, ниски чизми до глужд, сандали… Чевли, сандали или чизмички со високи потпетици одговараат со здолништа со должини под колена. Идејата е да се постигне вистинска пропорција на телото, но се разбира постојат исклучоци од ова правила и сè се сведува на пронаоѓањето вистинските пропорции за вашето тело. Ама тоа е веќе друга лекција.
Нема коментари