Видеото од снимањето на новиот каталог на шпанскиот моден бренд „Манго“ за сезоната пролет/лето 2014 со канадскиот модел oд полско потекло, Дарија Вербовиа, деновиве беше објавено на „Јутјуб“. Фотографиите беа направени на канарскоти остров Ланзароте. Дваесет и деветгодишната манекенка позира носејќи повеќе линии од новата колекција. Принтови, лежерни силуети, везови инспирирани од хипи трендот во комбинација со метални детали доминираат за пролет/лето 2014. Следната сезона пристигнува и со новапалета бои: жолта и сина боја, дезени во пруги со минималистичи кроеви инспирирани од машката силуета. Црно-белата комбинација се чини е неизбежна за современи и елегантни парчиња.
Вербови доаѓа на месторо на Миранда Кер, која е последната од многубројните соработки на брендот со врвни актерки и модели.
Нема коментари