Очи нашминкани со зачаден ефкект, таканаречен smokey eye, е стил кој е доста популарен, додава екстра впечатливост во комплетната шминка и доза на мистериозност и сексапил. Но, дали знаете како да го постигнете овој начин на шминкање, а да не изгледате размачкано, нападно и комплетно несоодветно?! Совети најдовме кај консултантите на Bobbi Brown, американски бренд основан од страна на познатата шминкерка Боби Браун, кој може да се најде кај нас во парфимеријата Anabella во „Скопје сити мол“.
Присуствувавме на настанот „Bobbi Brown How to do a smokey eye“, и се уверивме во чекорите на шминкање во кои нè воведоа лиценцираните make up артисти на Bobbi Brown Анета Малчева и Ангела Милевска, две ведри деовојки кои се специјално обучени и тренирани make up претставници на брендот во Македонија. Тие се постојано во Anаbella парфимеријата и може да ги посетите и побарате професионални совети.
Доколку сакате да креирате беспрекорен smokey eye изглед, покрај советите на Анета и Ангела, на располагање ви се и производите на Bobbi Brown – гел туш за очи Long-Wear Gel Eyeliner, специјална четкичка за нанесување туш Ultra Fine Eye Liner и новата маскара Smokey Eye Mascara. Беспрекорен smokey eye ќе постигнете ако ги освладате и видео туторијалите на брендот.
На настанот во Anabella ги запознавме и новите производи на Bobbi Brown за есен 2017. Покрај Smokey Eye Mascara, новитет се новата линија на кармини Crushed Lip Color (кармини во интензивни и трендовски бои, хидрантни и богати со витамини кои ги негуваат усните и даваат неверојатно удобно чувство со мат финиш) и Instant Full Cover Concealer (концентриран, високо-пигментиран коректор кој видно ги осветлува темните кругови околу очите). На листата ќе го додадеме и Retouching Loose Powder, пудра во прав во целосен спектар на нијанси кои го корегираат тенот, го намалува појавувањето на темни дамки, фини линии, црвенило и други несовршености, притоа давајќи ѝ на кожата свеж изглед.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари