Изберете тема, локација и мени за пролетно=летна забава на отворено со друштвото, а за помош еве неколку идеи како да ги одушевите гостите во организацијата на совршена пикник-забава.
1.Изберете локација што има смисол
Пикник нужно не мора да значи дружење во јавен парк, може да изберете кров на зграда, во двор, на ливада, покрај река или на плажа покрај езеро.
2.Направете листа
Запишете што сè треба да понесете со себе, доколку сте домаќин на пикник надвор од вашиот дом, не сакате да заборавите нешто.
3.Организирајте слоеви ќебиња за седење
Измешајте повеќе видови шарени ќебиња, престилки или ќилимчиња за да направите привлечен колаж за седење. Гостите не сакаат да се извалкаат, па внимавајте да има доволно ќебиња за седење, а првиот слој нека биде водоотпорен.
4.Изберете едноставно мени
На пикник не е практично да се јаде со нож и вилушка, па креирајте мени кое е практично за јадење, направено во залчиња и може да се земе со прсти, како на пример мезе од парчиња леб и кашкавал, крекери и намаз како хумус, исечени парчиња овошје и зеленчук.
5.Понесете храна што трае
Свежата салата и сендвичите се супер идеја доколку се подготвуваат во тој момент, во спротивно зелените лиснати растенија ќе овенат, а сендвичите ќе станат влажни. Подобро изберете салата со зрна како главен дел, а наместо сендвичи понесете багет и неколку видови намази, парчиња кашкавал и шунка, со кои ќе направите сендвичи на лице место.
6.Комбинирајте со освежувачки пијалаци
Може дома да направите вода со арома на лимон, лубеница или краставица, па да ја служите со многу мраз. Или може да замрзнете шумско овошје и да го користите наместо коцки мраз. Ако служите вино, изберете лесни сорти како москато или розе. Листата на пијалоци правете ја според преференците на гостите и секогаш имајте безалкохолни опции.
7.Избегнете ја топлината
Поставете чадори за сенка и внимавајте храната да биде покриена.
8.Пакет активности
Секогаш имајте опција за дополнителна забава, особено за децата, како друштвени игри, бадмингтон, фризби или карти за играње.
9.Заштитете се од сонцетош
Ссекогаш задолжително да понесе очила за сонце и креми со заштитен фактор.
10.Музика
Да, ќе сакате да слушате музика, па земете радио на батерии или направете плејлиста за слушање на мобилен телефон или таблет.
11.Не заборавајте светилки
Ако дружбата продолжи навечер, потребно е вештачко осветлува – светилки, фенери или свеќи.
Нема коментари