Оваа пролет носиме костими на разигран начин – во ретро стил, со интензивен анимал принт и во пастелни тонови. Оделата се мнофу популарни неколку сезони наназад, тие се добар избор за деловен, дневен и вечерен изглед, а според модниот пребарувач Lyst во последните три месеци барањето на терминот suits (костум) се зголемило за 23 проценти. Модните дизајнери и брендовите и за оваа пролет 2019 понудија солиден избор на женски костуми кои задоволуваат различни стилови, а се издвија слениве:
Дивата страна на костимот
Комплетот од сако и панталони со шара за зебра брзо стана едно од најпосакуваните парчиња во H&M Studio колекцијата. Тој е драматичен костим, со панталони со широки ногавици и многу им се допаѓа на вубеничките во модата. И многу брзо се продава.
Ретро предлог од Mango
Костим во боја на ф‘стак
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари