Модните стилисти мошне често добиваат прашање дали е секси да се носи тантела како дел од деловната облека. Одредени жени кои негуваат елегантен стил сакаат да носат облека од тантела, но се плашат дека оваа деликатна ткаенина изгледа премногу сугестивно или како долна облека, што е нaвистина несоодетно за канцеларија. Најлесниот одговор на прашањето како да носите тантела во канцеларија е – Зависи! Но, зад овој неодреден одговор, се кријат неколку решенија: кошула од тантела под тенок џемпер од кашмир или палто, кошула со нежни детали или апликации од тантела во комбинација со класични панталони или здолниште со едноставна форма од не многу текстурирана тантела. Она „зависи“ се однесува и на природата на работното место. Во средина со построг деловен дрес-код, употребувајте ја минилмално, но во покреативни или модни компании може да ја користите како мотив со кој ќе ја разиграте облеката. Во некој ден кога немате закажано важни состаноци или средби со клиенти, облечете тантелно парче за да го тестирате сопственото ниво на удобност. Ако се чувствате неудобно и изложени на погледи, избегнувајте да носите тантела. Но, доколку ви се допадне ефектот, вметнувајте ја оваа ткаенина во мали размери и во детали. На работа избегнувајте тантела во црвена боја или тантела што изгледа пластично и евтино. Доколку се одлучите да носите тантела, остатокот од стајлингот нека биде минималистички, вклучувајќи ја тука и шминката која треба да биде нежна и природна. Но, секогаш внимавајте, приоритетно е да изгледате професионално и модерно, крајната комбинација никако не смее да биде провокативна или старомодна.
Нема коментари