Под кошула, палто, фустан на прерамки, џемпер, во црна, бела или пастелна боја, со џинс и со карирано сако, ролката оваа сезона е едно од носечките модели во комбинациите на инфлуенсерките. Моделот кој направи камбек во уличата мода минативе сезони, сега е дел од есенските колекции речиси на сите high street брендови. Најчесто може да се најде на полиците за базични модели, но неретко е на излозите поставено како носечки горен дел од трендовските комбинации.
Ролката стана клучен модел во повеќеслојното комбинирање во студените есенски и зимски денови. Се носи во разлини стајлизи за сите пригоди во текот на денот. Почнувајќи од бизнис варијанти, под костум или тиролка, преку кежуал комбинации со фармерки, под џинс јакна, со кошула со волумен или како трето парче под спој од неколку други модели. Често се среќава и во вечерните аутфити, со фустан и посвечена маичка по прерамки.
Масивните ролка-џемпери во впечатлива боја или во неутрални есенски нијанси се еден од главните трендови оваа есен-зима сезона. Најчесто се комбинираат со фармерки, џинс здолниште, со ПВЦ хеланки или пак со карирани здоништа или килотки. Интересно е што дури и кога станува збор за дебела плетена ролка, таа се уште е флексибилна и лесна за комбинирање под разни модели – кошули, палта, наметки… Направивме избор со интересни предлози како да носите ролка овој студен ноември.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари