Кога ќе спомeнеме шарен и макси фустан, веднаш помислуваме на летни фустани, лелеави ткаенини, летни забави… Ама шарените креации со должина до глужд не се резервирани само за топлите месеци, ѕвездите на уличната мода ни покажаа дека постои начин како да се носат и во зимски услови. Со малку подебела ткаенина, со долги ракави, или со блуза под него, макси фустанот ја губи летната референца. На ова се додаваат парчиња кои ќе не топлат, како сакоа, дебели бомбер јакни, палта од твид и впечатливи капути. Да, клучот е во дополнителните слоеви на облека. Во однос на обувките, секако се бираат чизми, високи или до глужд, салонки и пониски чевли кога временските услови дозволуваат. Оние што ги следат трендовите ќе облечат гломазни патики, а пак најхрабрите на некоја забава ќе се појават и во сандали.
Нема коментари