Модните бранови знаат брзо да донесат и однесат трендови, но некогаш оставаат зад себе парчиња што се носат подолго. Иако се има впечаток дека трендовите молскавично се менуваат изминатава декада, и дека тоа што се носело минатата година сега веќе не е актуелно, сепак трансформацијата не е толку драстична.
Изминативе неколку години се задржа реоткривањето и освежување на стилот од 70-тите и 90-тите години, што оваа сезона доживува кулминација, со усовршување и сèприсутност на некои од моделите. Меѓу нив се комбинезоните, кои во диско и бохо-форма се носеа во 70-тите, а беа актуелни во џинс-варијанта и пред две декади.
Во колекциите на големите High-street брендови се појавија пред три години, изминатите неколку сезони добија повеќе верзии. На пазарот сепонудени модели налик на работничка облека, свилени и лелеави дизајни со шисоки долги панталони, тесни кроеви со припиени молив долен дел, краки и секси како долна облека, удоби шарени кежуал варијанти, како и такви со килот панталони. Доста се актуелни модерните женствени верзии на машките патло и панталони споени во едно, се носат и комбинезони налик на дводелни парчиња, со колан или лента на половина.
Во топлите денови можете да ги комбинирате со бомбер јакна од полесен материјал, чемперче по кратки ракави, лелеава наметка илиблејзер со три-четврт ракави. На нозете комбинација број еден е со доста актуелните патики: спортски, на платформа или еспадрили. Може да ги носите и со интересни сандали, со кломпи и влечки на потпетица. Балетанките и високите потпетици сесекогаш се актуелни и добри за комбинација.
Комбинезоните не се само викенд-парче, што ќе го носите на опуштени патувања, прошетки или забави. Можете да ги прилагодите и во секојдневниот изглед за на рабоа. Тука се многуте модели со поотмени кроеви – најчесто еднобојни. Истите може да се носат и на посвечени настани, приеми и ноќни настани. Клучно е да изберете соодветни чевли, накит, чаната и други додатоци кои ќе му дадат посвечен момент на овој, навидум спортски модел.
Нема коментари