Иако најчесто ја избегнуваме во топлите сончеви денови, сепак, многупати се покажало дека црната боја може да најде место во летниот изглед. Со изборот на соодветен модел, материјал и крој може да ја носите преку ден, па дури и на плажа, каде што подолго време сте изложени на сончевите здраци. Урбаните девојки од големите модни центри покажаа дека изборот на дизајн и на удобен материјал е приодитет во купувањето на модел со оваа боја в лето. Се препорачуваат памучни или лелени парчиња, а посмелите може да се одлучат и за транспарентни креации или модели од тантела.
Во црна боја може да бидат и сега многу актуелните фустани и блузи со голи рамена, кои може да ги комбинирате со сандали, римјанки или патики. Не плажете се да составите целосно црн стајлинг на плус 40, вклучувајќи и црн сламен шешир, што е во тренд. Балон фустани или блузи со нагласен волумен ќе озожможат комоција и удобно движење цел ден. Исто така може да се одлучите за мал црн фустан, или за мини-креација што ќе ги открие вашите нозе.
За полежерните и класични девојки тука се долгите памучни фустани на прерамки со длабок шлиц. Кои може да ги носите и навечер,со сандали на високи потпетици, но и преку ден, со патки еспадрили или римјанки. Долгите широки панталони и колотките од лесен материјал и во црна боја исто така се прилагодливи за оваа лето. Комбинирајте ги со маичка со прерамки или со фустан-блуза. Ова лето доста се носат и црните комбинезони во повеќе должини. На плажа можете да носите кимоно или кафтан во оваа боја.
Нема коментари