Повеќето од оние што се грижат за своето здравје, внесуваат органска храна или се вегани, кравјото млеко одамна го заменија со бадемово. Здраво е и има одличен вкус, направено e само од бадеми и вода, a лесно може да го подготвите дома. Идеално е за оние што се нетолерантни на лактоза, како и за алергичните на соја и глутен. Не содржи заситени киселини и холестерол, но затоа пак содржи омега 3 масни киселини кои се добри за нашето здравје. Одличен извор е на протеини, витамини и минерали. Има малку калории, па е идеално за оние што сакаат да изгубат неколку килограми.
Но, треба да внимавате на количината на бадемово млеко што ја внесувате дневно, бидејќи мастите во бадемовото се исти како во кравјото. Млеко направено од една шолја бадеми е доволно. На нашиот пазар веќе некое време може да се купи бадемово млеко, но тие производи содржат многу шеќер, па повеќе се препорачува да го подготвите сами дома. Еве како:
Потопете една шолја бадеми во вода и оставете ги да отстојат преку ноќ. Наутро истурете ја водата во кои биле потопени, ставете ги бадемите во блендер и додадете 3-4 шолји вода, по можност филтрирана. Блендирајте додека не добиете млечна течност. Исцедете ја течноста и ставете ја во стаклено шише. Рокот на траење е 2-3 дена во фрижидер. По желба може да додадете цимет, мед или ванила.
Нема коментари