Препознатливи по својот робусен изглед, масивниот ѓон и шавот од жолт конец, чизмите со потпис Dr Martens имаат богата историја и значење во супкултурата на скинхедските во 70-тите години од минатиот век, потоа како симбол на панк културата, а и денес важат за посакувани обувки. Сезонава со трендот на носење чизми со војнички и груб изглед, „Мартинсот“ се повторно актуелни.
Првиот модел го создал германскиот доктор Клаус Мартенс, кој после една повреда на скијање во 1947 година, решил да осмисли удобни обувки кои ќе одговараат на неговото повредено стапало. Подоцна основал компанија која го произвела првиот модел наречен „1460“ со масивен гумен ѓон со воздушни перничиња, а во 1960 се раѓаат чизмите во обликот кој денес го носиме со контрасен жолт конец и со јамка на задниот дел. Откако во 60-тите правата ги купува компанија од Велика Британија, се лансираат разни верзии на „Мартинс“.
Годинава се навршуваат 60 години од првите „Мартинс“, овие чизми постојано се продаваат, есенва повторно се едни од омилените обувки. Ги носат помодарките, но и припадниците на алтернативни движења. Секој ги комбинира во согласност со својот личен стил, со облека во панк-стил или со романтични фустани, со кожени панталони или со елегантно сако, со проѕирен фустан или со монтка.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрени на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари