Комбинацијата на различни принтови е тренд што изминатава декада доби различни димензии, особено цветната шара. Благодарение на влијанието на модните блогери и уличната мода, и како резултат на модната револуција што ја поттикна серијата „Сексот и градот“, цветниот принт повеќе не се комбинира само со еднобојни парчиња. Умешно може да се спои со пруги, точки, парче со разни геометриски фигури или со принтови со портрет. На оваа листа сезонава се надополонува и спојот на два цветни принта.
Иако навидум ова е премногу нападна комбинација, сепак, со неколку трикови може да направите ова да биде елегантен, шик, модерен и женствен спој. Доколку комбинирате две цветни парчиња блуза или кошула со здолниште или панталони, пред сè имајте на ум дека иако се различни, треба да ги споите во една приказна.
За да постигнете баланс двата модела треба да комуницираа меѓусебе – по основа на бојата, големина или на видот на цветовите. Едено од парчињата треба да биде водечко. Обично тоа е моделот со посилни тонови или повпечатливи цветови, а второто да се надополнува.
Посмелите стајлингот може да додадат со уште некое шарено парче, палто, мантил, чавли или чанта. Доколку сакате да ја смирите комбинацијата тогаш изберете еднобојни чевли и чанта, и неутрално палто.
Нема коментари