Колку пати сте се нашле во ситуација да треба сами да ја закопчате алката, ама таа постојано и тврдоглаво ви се излизгува од раката. Целиот процес треба да го направите со една рака, што е многу тешко и некогаш фрустрирачки. Еве еден трик како да го надминете и овој проблем – потребна ви е само самолеплива лента (селотејп). Земете парче селотејп, ставете го на белегзијата блуску до крукчето за закопчување, ставете ја алката на раката и залепете го тој дел, така што ќе стои цврсто на едно место. На овој начин со копчата лесно ќе го фатите другиот дел од белегзијата, бидејќи тој нема каде да бега.
Нема коментари