Оваа недела е во знакот на кралската венчавка меѓу принцот Хари и Меган Маркл, медиумите обемно пишуваа за изгледот на Маркл, нејзиниот венчален фустан, шминката и фризурата. Таа изгледаше елегантно и модерно во софистицираната венчаница на Клер Вејт Келер за „Живанши“, а избра и доста природна, свежа и ненаметлива шминка со која покажа како треба да изгледа една современа принцеза.
Меган Маркл, сега војвотката од Сасекс, за шминкер го избра Даниел Мартин, кој соработува со брендот Dior и кој откри кои производи да ги користиме доколку сакаме да го рекреираме нејзиниот изглед. Па така, Мартин и Dior препорачуваат да го нанесете новиот Dior on stage молив за очи, добро познатата Dior маскара, како и Dior Backatage палетата со сенки со топли и неутрални нијанси 001, која дава природен изглед на очите.
Dior backstage face & body foundation, пудрата која дава совршена основа за нанесување на останатиот мејкап, палетата за контуринг, како и Dior сјајот за усни и дадоа на идната принцеза природен, ненаметлив, а спека совршен изглед.
Кои производи беа користени:
Dior Backstage Contour Palette
Dior Backstage Face and Body Foundation
Dior Backstage Eye Pallete 001
Dior Diorshow On Stage Liner – Matte Black
Dior Diorshow iconic mascara
Dior Lip Glow
Нема коментари