Во реалниот живот на мажот не му е потребeн ормар полн со креации за да се смета за добро облечен. Всушност со доволно информаци и внимателно разгледување повеќето од момците би можеле да водат модерен имиџ со само 30-тина парчиња облека. Сè додека се држи до класика и едноставна и разновидна облека, која пасува правилно, никогаш нема да се отиде надвор од стилот, но во исто време тоа ќе биде облека која ќе служи верно многу години.
Советот кој најчесто е публикуван од модните магазини наведува: држете се до парчињата кои ви пасуваат совршено и ги носите редовно. Тоа е вообичаено размислување кога станува збор за маици и кошули, но кога се работи за професионалното облекување костумот е честопати многу повеќе од тоа. Тоа е разбирливо, костумите се поголема инвестиција и не толку разнообразна за редовно секојдневно облекување.Но кога работи за сезоната пролет-лето , сите се согласуваат–нема ништо посоодветно сезонски од лесниот летен костум.
Но од каде да се почне кога се инвестира во летен костум?
Како и секогаш,клучно е моделот да одговара на линијата на телото. Палтото треба да одговара на рамениците, ракавите треба да се до 1,5 см од манжетната на кошулата, а материјалот треба да ја следи линијата на половината без рестрикција на движењето или протокот на воздух (екстремно важно кога температурите растат). Општо правило е дека кога палтото е закопчано, меѓу него и градите да може да се протне раката.
Првично исто така, треба да се определи стилот на костумот кој го барате. За костумот кој се носи само на топло време, структурата не е толку важна колку што е битна удобноста и порозноста. (С.Ј.Б.)
Нема коментари