Како со само неколку нови креации можете да го доловите шармантниот париски стил советува шведската етикета H&M во својот нов едиторијал. Понудата ги надминува базичните и најпрепознатливи беретки, блузи со пруги и кремасти мантили, кои се своевиден симбол на францускиот стил. Не се надминува, ниту прескокнува нонашлатноста и шик имиџ, напротив се дополнува. Понудени се кратки лелеави фустани, кошули и комбинезони со ситен цветен дезен, маички со линии и со натпис, комбинации со карамрки, розова блуза со вец, јакна и џемпер. Комбинациит се лежерни, младешки со нагласена женственост. Моделите се наменети за сите со слободен дух и за девојки што не се опроваруваат со своите недостаоци, трендовите ниту пак со туѓото мислење и тоа ги прави посебни, убави и уникатни.
Нема коментари