Четири фасцинантни и успешни Французинки, Каролин де Мегре, Ан Берест, Одри Диван и Софи Мас, пред неполни две години го освоија светот со својот свеж и живописен поглед на тоа што значи да се биде парижанка, како таа се облекуваа, забавува и однесува, кој го спакуваа во книгата „Како да бидеш парижанка, каде и да си“ која конечно доби свое македонско издание благодарение на „Полица“. Преведена на повеќе од 30 јазици, тимот на издавачката куќа „Полица“ го презентира македонското издание и по тој повод вчера организира шик модна промоција во кафулето „Излет“ каде во пријатна атмосфера, со чаша вино и колачи одблиску се запознавме со книгата. Според првите импресии книгата што стана светски хит, брзо станува омилена и кај скопјанките кои веќе ги откриваат тајните како да бидат парижанки.
„Како да бидеш парижанка, каде и да си“ содржи кратки и разиграни четива кои нудат поглед на стилот, убавината, културата, однесувањето, мажите… На околу 250 страници низ текстови и фотографии во боја се распоредени приказни како „Што никогаш нема да најдеш во плакарот на една парижанка“, „Моќта на твоето омилено парче облека“, „Како да пречекаш гости на вечера“, „Идеалниот маж“, „Беспрекорен изглед 24 ласа на ден“, сето тоа збогатено со совети, рецепти, мотивирачки цитати, филмски предлози, речник на неопходни зборови и париски адресар на бутици, ресторани, бистроа, книжарници, слаткарници и концептуални продавници. Парижанката низ животот поминува со доза на стил, шарм и ноншалантност, дел од тајните на нејзиниот шик животен стил ќе ги најдете во ова модно четиво, подвлекувајќи ја конечната порака дека не мора да бидете Французинка за да бидете парижанка. Секоја од нас може да биде и да се чувствува како парижанка, деновиве ќе прочитаме како…
Нема коментари