Со пристап сличен на концептуалните продавници, француското издание на Vogue и познатата стоковна куќа Printemps Haussman одлучија да отворат поп-ап кафуле во атриумот на оваа омилена шопинг-дестинација. Атмосферата е топла, потсетува на приватен апартман во стилот на модернизмот од 50-тите години и на скандинавскиот дизајн. Ѕидовите на просторот се украсени со насловни страници на магазинот, има повеќе скулптури и манекенски кукли обечени во шик модни комбинации составени од стилистите на Vogue. Во однос на гастрономската понуда, посетителите може да уживаат во храната на париското дуо Иго и Виктор, ќе се служат секакви видови кафе, вкусни слати и сендвичи, како и популарните макаронс колачиња. Кафулето ќе биде отворено до 22 март.
Нема коментари