Во дизајнот на ентериери често пати се превземаат идеи од сценографијата на филмовите на Вес Андерсон, ова кафуле во кинескиот град Ченгду е конкретно инспирирано од The Budapest Hotel. Соодветно именувано Тhe Budapest Cafe, во уредувањето со потпис на австралиското студио Biasol, внесени се пастелни тонови, мермер и скулптурално осветлување. Мермерот додава доза на префинетост, белата боја е базата, а потоа доминираат розовите и зелените тонови. Ентериерот е модерен и прочистен, просторот не е натрупан, а највпечатливи се скалите кои водат на другиот кат, и малото катче од три кружни скали на кои може да седи и пие кафе или чај.
Нема коментари