Поп-пејачот Џастин Тимберлејк е најдобро облечен маж во светот, според ТВ-станица Fashion One. Познатиот моден канал секоја година прави листа со 10 најдобро облечени мажи. Лани оваа титула му припадна на фудбалерот Дејвид Бекам.
-Минатата година беше дефинитивно негова. Од кога се врати на сцената, Џастин доминира не само во музичката, туку и во стилската сфера. Неговите комбинации секогаш се забавни, зрели и интересни. Тој ги врати во тренд палтата, федора шеширот и тесните кравати. Ако треба да избереме зошто баш тој, тогаш дефинитивно е бидејќи, што и да облече од него сјае самоувереност-се вели во соопштението на Fashion One.
На листата покрај Џастин се: Девид Ганди, Фарел Вилијамс, Канје Вест, Џејмс Франко и Бредли Купер. Тимберлејк дури го надмина својот ментор, Том Форд, кој неодамна го пофали пејачот тврдејќи дека има вроден талент за стил и за музика.
Нема коментари