Бројни дизајнери, уметници, урбани градски ликови, блогери и вљубеници во модата со средата се дружеа во и околу дизајнерското студио [Just Because.] по повод неговото проширување со нови модни имиња. Дизајнерката на накит Нина Симовска, која стои зад ова концептуално студио, отстапи простор зa продажба на неколку домашни брендови за облека и украси: брендовите за облека „Лудус“ , Chic Undercowear , Аcid wear girls, дизајнерката Ирина Тошева и етикетата за часовници Project Time… Креативниот простор, кој истовремено е и ателје на Симовска, функционира повеќе од една година. Таму се создаваат и продаваат нејзините ѓердани, обетки, масивни околувратници, детали за во домот, како и украсна амбалажа. Фото: Stylist.mk
Нема коментари