По повеќе од една година успешна работа, дизајнерското студио [Just Because.] реши да ослободи еден мал креативно-концептуален простор зa неколку домашни брендови за облека и украси. Во концептуалниот простор на брендот Just Because на дизајнерката на накит Нина Симовска ќе може да се набават новите колекции на брендовите за облека „Лудус“ , Chic Undercowear , Аcid wear girls, дизајнерката Ирина Тошева и етикетата за часовници Project Time.
Овој нов почеток ќе биде одбележан со мала забава во среда во 20 часот во [Just Because.] Concept Store, кој се наоѓа во центарот на Скопје, во близина на некогашен „Кинг Бургер“. Креативниот простор, кој истовремено е и ателје на креативката, функционира повеќе од една година. Таму се создаваат и продаваат нејзините ѓердани, обетки, масивни околувратници, детали за во домот, како и украсна амбалажа. Нина во нашата јавност се проби со уникатите изработени од патент, со кои покажа дека од обичниот придружен елемент од облеката, може да се направат екстравагантни ѓердани, обетки, алки и украси за на чанта.
Таа пред еден месец го реновира своето студио со нов дизајн и со повеќе жолта боја.
-Студиото сама го реновирав, со огромоно задоволство, бидејќи има убавина и во средување на просторот, особено кога си ги познаваш парчињата и знаеш најдобро кое каде може да стои. Покрај накитот во стидиото ќе бидат шрезентирани и моите рачно изработени чанти и паричници, чаши и уште многу новости-ни изјави неодамана Симовска.
Нема коментари