Словенечкиот графички дизајнер Јуре Товрљан ги преработи логоата на добро познатите брендови како „Старбакс“, „Најк“ и логотипот на Олимписките игри, за да покаже како коронавирусот влијае врз нашите секојдневни животи.
Јуре верува дека иконските логоа се визуелна порака која сите можеме да ја разбереме. Прерабоувајќи ги логоата тој сака да ја подигне свеста за одржување социјално растојание и носењето заштитна опрема. Па така круговите на „Мастеркард“ и познатите пет кругови што ги симболизираат Олимписките игри, се раздалечени. Сирената од ланецот кафетерии „Старбакс“ носи заштитна маска.
Силуетата на кошаркарот Џери Вест во логото на NBA, сега не дрибла, туку лежи пред својот лаптоп, отсликувајќи го времето кога сегашната сезона на NBA е суспендирана. Во логоата воведува и игра на зворови па мрежата LinkedIn сега LockedIn (односно карантин), а слоганот „Само направи го тоа“ на „Најк“ е претворен во „Само не го прави тоа“, асоцирајќи на тоа луѓето да не се доближуваат еден до друг и да практикуваат социјална дистанца.
Јуре се осврна и на познатото мексиканско пиво „Корона“, кое несреќно го има истото име како и вирусот, и дизајнерот вели му треба ново име.
Нема коментари