Џулија Волерс, ќерката на поранешниот амбасадор на САД во Македонија, Пол Волерс, деновиве се појави на ексклузивен настан во Милано, облечена во креација на MCouture на македонската дизајнерка Мила Кадриу. Џулија, која има дипломирано модни студии, работела за брендот на Мариела Бурани и во Скопје често ги посетуваше модните случувања, вели дека присуствувала на роденденската забава на Гуалтеро Маркези, еден од најпознатите италијански кувари, организирана од компанијата во која работи и од италијанското издание на Vogue. Таа на настанот носела креација од Кадриу, бел фустан со впечатлива цветна апликација, специјално креиран за таа пригода. Додека присуствувала на настанот, не само што успеала да се фотографира со Франка Соцани, главната уредничка на Vogue Italia, туку и да се најде на веб стајтот на магазинот.
Мила Кадриу ни откри дека со семејството Волерс секогаш имала одлична соработка и додека живееле во Скопјеѝ биле клиенти, а мило ѝ е што креацијата специјално направена за Џулија привлекла внимание на италијанскиот настан. Како што ѝ пренела Џулија на Мила, дека добила повеќе комплименти, а гостите ја прашувале чиј е фустанот и кој го креаирал. Мила вели дека за неа како дизајнер секако е важна ваквата промоција и појавување во публикација како Vogue. „Прекрасно да се види нашата напорна работа призната од страна толку еминентен моден магазин“, вели Мила. (К.Т.)
Нема коментари