Американската актерка Џулија Робертс на Канскиот филмски фестивал вчера го промовира новиот филм Money Monster, и на црвенит килим се појави заедно со партнерот од филмот Џорџ Клуни и режисерката Џоди Фостер, облечена во црна тоалета од колекцијата на Armani Privé. Стајлингот го дополни со дијамантски ѓердан со впечатлив смарагд како привезок и сличен прстен, но кога се качуваше по скалите на канската кроазета, го дигна долгиот фустан и откри дека не носи чевли. Изборот на Џулија е поради удобност или можеби е реакција на минатогодишниот случај кога неколку жени беа вратени од црвениот килим затоа што носеле – ниски чевли!?
Нема коментари