Славната актерка и оскаровка Џуди Денч на својата 85-годишна возраст е најстарата личност што се појавила на насловната страница на британското издание на Vogue. Таа позира во модел на Долче и Габана пред објективот на Ник Најт, а во интервуто во овој број зборува и за актуелната ситуација.
- Сигурна сум дека во изолација се чувствувам како и сите други, ваквите невидени времиња се доста тешки за разбирање. Она што е добро е што ги натера луѓето да бидат посвесни за состојбата на другите кои се целосно сами. Ако излезе некаква голема љубезност од ова, тогаш тоа ќе биде плус – вели Денч.
Уредникот на Vogue UK, Едвард Енинфул, не го крие задоволството што соработувал со Џуди Денч, според него кралица на сцената и на екранот.
-Џуди е фотографирана за насловната на почетокот на февруари и интервјуирана во следните недели под бујниот спектар на Ковид- 19. Џуди е најстарата личност што досега се појавила на насловната и дава одлична перспектива и порака за надеж од сопствениот карантин во нејзиниот дом во едно англискио село. Секогаш скромна, таа можеби не е љубител на терминот национално богатство, но ние ја чуваме како да е богатство. Сега повеќе од кога било – вели уредникот.
Џуди за првпат е на насловната на Vogue UK и со своите 85 години е најстариот модел што во досегашната 104-годишна историја на списанието се појавил на првата страница. Денч ја носи титулата Дама, доделена од британската кралица и која е еквивалент на машката титула Сер.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрени на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари