Македонскиот модел Јована Плескоњиќ, која ја паметиме како една од најангажираните од агенцијата „Подиум“ во претходните сезони на Модниот викенд-Скопје, се појави во фотосесија на српскиот бренд Lutkart. Таа иако прави пауза од манекенството, позира во промо сесијатата за колекцијата Four seasons. Фотографиите се на Ирена Савичиќ, шминката на Зорица Ковачевиќ-Стојановиќ,а фризурата на Малимарко Манчиќ.
-Во Белград студирам глума и тука не се занимавам со манекенство. Во фотосесијата на Lutkart се појавив по своја иницијатива, бидејќи моделите се навистина креативни, разиграни и можам да кажам дека се пронаѓам во нив. Се совпаѓаат со мојот карактер. Во врска со модните ангажмани во Србија, критериумите се повисоки, па заради тоа моите конфекциски броеви не се совпаѓаат-вели Јована.
Lutkart е бренд за уникатна облека и додатоци стационирана во Нови Сад. Оваа работилница прави микс на навидум неспоивото, шие апликации инспирирани од уметноста, од винтиџ креации од урбани модели…
- Кога од старото ќе направиш ново, а од новото нешто уникатно, а сето тоа ќе помине низ магичните раце на креаторите, тогаш тоа е таа Lutkart облека…Таму каде што се судира неспоивото, бои кои по дефиниција не одат една со друга, дезени и материјали кои не се совпаѓаат, во Lutkart работилницата сè е возможно. Кога приказните од секојдневниот живот, како и музиката, годишното време, незгодите, сеќавањата и фотографиите те иснпирираат, па сето тоа низ креативен канал го исфрлаш на платно, сошиеш такви апликации, така настануваат нашите модели. Жените која ја сакаат уметноста, главно го сакаат и Lutkart-се вели во објаснувањето на брендот.
Нема коментари