Младата македонска манекенка Јована Нешова гради интернационална кариера и веќе шест месеци престојува и работи на азискиот моден пазар. После Шенжен и Хонг Конг Јована во моментов работи во Шангај, каде во последениот проект стана заштитно лице на познатиот моден бренд Fiona Chen. „Последната сезона се покажа како многу успешна за нашата Јована, бидејќи имаше кампањи за бјути едиторијали ,каталог за брендот Фентенг, и лукбук за Hyperbeast HBX каде носеше модели од Хелмут Ланг. Заради голем број на ангажмани Нешова до крајот на мај ќе остане во Кина и ќе учествува на модната недела во Шангај. Таа е неуморна, полна со енергија и пред сè врвен модел“, велат за неа од нејзината матична агенција „Моделс ИН“ од Скопје. „Како што еднаш и самата изјави, одлично се снаоѓа и ужива во секој работен момент во „Париз на Истокот“ како што го нарекуваат Шангај.“
Нема коментари