Македонската манекенка Јована Нешова неодамна престојуваше во Софија, Бугарија каде беше букирана да работи на новата кампања за лондонскиот бренд Unxmpld. „На големиот кастинг кој се одржа во Софија имаше модели од сите позначајни европски модни агенции. Нејзината кариера како модел низ годините добива се поголема димензија, па набргу очекуваме професионалниот ангажман да ја однесе во самиот центар на модните случувања. Јована е одговорна и сериозна кога станува збор за било каков ангажман и затоа нејзиното време допрва доаѓа“, велат од нејзината матична агенција „Моделс ИН“. Во меѓувреме Јована предадено работи на себе и своето портфолио за периодот што следи, односно очекуваме набргу да стане резидентен член на некоја интернационална модна агенција. Јована Нешова пред неколку месеци ја претставуваше Македонија на светскиот избор на The Look of the Year во Италија.
Нема коментари