Манекенката Јована Нешова е лицето од насловната на домашното списание Unique и на првата страница на јулскиот број позира во едноделен костим за капење на Womеn’secret. Фотографијата ја потпишуваат Ани Дими, а стајлингот е на Милена Танаскоска. Шминката е дело на Васе Доковски, а фризурата ја сработи Дарко Петковски. Јулскиот број од денес е во продажба.
Јована е манекенка на модната агенција „Моделс ИН“, а откако беше прогласена за Лице на годината за Македонија во 2015-та, гради интернационална кариера во Кина. Таа веќе го освојува азискиот пазар, сними неколку кампањи и каталози, стана заштитно лице на козметичкиот бренд Bleu Nuit и се појави на страниците на кинески Vogue.
Нема коментари