Модната агенција „Моделс Ин“ во соработка со српската Model Scouting Office повторно имаат свој претставник на големото финале за модели кое се одржува во Таормина –Сицилија. Оваа година еден од најстарите и најпрестижните избори за ново лице во модната индустрија или планетарно познат како The Look of the Year, како претставник на нашата земја ја има Јована Нешова. „Девојката која поседува харизма, убавина и секако карактер на врвен модел беше нашиот избор“, велат од нејзината матична агенција „Моделс Ин“. Јована покрај манекенството посветена е на своите студии по бизнис-логистика на Универзитетот „Гоце Делчев“, и секако на физичката активност и џогингот како дел од нејзиното секојдневие. Минатата година претставник за Македонија беше Наталија Стојаноска која потпиша ексклузивен договор со менаџерката Јелена Ивановиќ и нејзината агенција Мodel Scouting Office.
На изборот The Look of the Year своевремено се појави и нашиот топмодел Надица Ѓеоргиева како тогашна победничка на југословенсиот избор Лице на годината инициран од списанието „Базар“. Надица улетвуваше на меѓународниот избор во Јапонија каде што беше забележана и веднаш потоа склучи договор со австриска модна агенција под водство на менаџерот Волфганг Шварц. Јована Нешова како овогодишна македонска претставничка на Сега Јована изборот The Look of the Year што утре ќе се одржи во Таормина, ќе се натпреварува со девојки од над 50 земји од светот кои се надеваат да бидат новото модно лице за 2015 година.
Нема коментари