Младата манекенка Јована Нешова, минатогодишната македонска претставничка на изборот Look of the Year, во координација со модните агенции кои се грижат за нејзината кариера, ја продолжува кариерата во Азија, каде заминувува наскоро и ќе престојува три месеци во потрага по нови ангажмани.
-Нашиот модел Јована Нешова неодамна престојуваше во Милано каде помеѓу нејзините ангажмани итензивно работеше на својот book со цел да го освои азискиот пазар. Инаку Јована од минатата година е дел од агенцијата Model Scouting Office од Белград која нам многу добро ни е позната по професионалното застапување на Катарина Ивановска и Елена Реи во интернационалниот моделинг. Мината недела Јована беше повикана во Белград за сликање на lookbook за тамошен дизајнер, воедно до крајот на август треба да замине за Азија каде според договорот ќе престојува три месеци. Нашата Јована покрај убавината и магичната преобразба пред камерите, има и војничка дисциплина и истрајност што само ќе ѝ помогне во нејзината кариера – вели Алек Наумовски од нејзината матична агенција „Моделс ИН“ од Скопје.
1 коментар