Со забава во своето ателје во центарот на Скопје, дизајнерката Јована Филиповиќ вчера ја претстави својата нова колекција. Моделите наменети за сезоната пролет-лето 2016 се во стилот на 70-тите години и диско-ерата. Застапени се мини фустани извезени со мониста, палта со сјај, тесни панталони, комбинезони и кошули со лелеави ракави. Дизајнерката и со оваа колекција кокетира со машките кроеви, но овој пат давајќи им посвечена и посекси нота. Деновиве изработи промотивна фотосесија со својата пријателка и соработничка, познатата блогерка Јована Зука (AfterTwoFive.com), која се јавува како фотограф. Моделите ги носи манекенката Ангела Карова, а за шминката беше задолжен Дарко Мишовски. Фотографирањето се одржа во хотел „Водно“ каде е доловена естетиката од 70-тите години. Ви претставуваме дел од лукбукот.
Нема коментари