Британската соул-пејачка Џос Стоун ќе настапи на Скопскиот џез-фестивал на 14 октомври. Информацијата е објавена на профилот на џез-манифестацијата на Фејсбук со зборовите: „Joss Stone, неприкосновената „Aretha Franklin на новиот милениум”, на Skopje Jazz Festival 2016! Принцезата на соул-музиката ексклузивно во Скопје на 14 октомври!“.
Дваесет и деветгодишната кантавторка се прослави со нумерата “You Had Me“ во 2004 година. Таа е најмладата британска изведувачка што се искачила на врвот на UK Albums Chart. Добитничка е на „Греми“ награда во 2007 година во категоријата за најдобра аренби изведба во дуо или група за Family Affair (испеана со Џон Леџенд и Ван Хант) како и на две БРИТ награди за најдобра соло-изведувачка и најдобар британски урбан настап во 2005 година.
Досега има објавено седум албуми, а актуелна е со Water for Your Soul, издаден минатата година. Во моментов таа е на промотивна турнеја.
Нема коментари