Џони Мичел има 71 година, извонредно музичко творештво зад себе, ангелски глас со распон од три октави, а сега според пролетното модно издание на New York Magazine, и епитет на модна муза на сезоната. Американската фолк пејачка неодамна се појави на фотографиите на Хеди Слиман кои се дел од рекламниот проект на брендот за кој работи „Сен Лоран“, а сега му позира на Норман Џин Рој облечена во бел фустан од „Ланвин“ за насловната на New York Magazine. Во интервјуто за магазинот Џони зборува за својата музичка кариера и вели дека најголемите битки биле со машките ега, дека таа сака еднаквост, а не женска доминација. Во однос на соработката со Слиман и облеката на „Сен Лоран“, признава дека брендот можеби „не е иновативен, но е добар за носење“. Мичел кон крајот на годината ја издаде Love Has Many Faces: A Quartet, A Ballet, Waiting To Be Danced, компилација од 4 цедеа со ремикс на 53 нејзини песни, еден вид на нејзини музички мемоари.
Џони носи своја плисирана наметка од дизајнерот Исе Мијаке и ѓердан од Елза Перети за „Тифани“
Фустан од „Ланвин“ и накит од Елза Перети за „Тифани“
Нема коментари