Магазинот Dazed е какактеристичен по тоа што третира алтернативен имиџ, па не изненадува нивниот избор на лице за насловната страница на тековното пролетно издание – Јоланди Висер, јужноафриканската пејачка од рап-рејв групата Die Antwoord. Со специфична фризура и темни контактно леќи, Јоланди изгледа како спој на секскапилност и хорор изглед, а музиката што ја создаваа заедно со Нинџа од групата Die Antwoord, предизвика светски интерес за производ што доаѓа од Африка. Инаку, имиџот на Јоланди и Die Antwoord е дел од јужноафриканското супкултурнто движење наречено „зеф“.
За Dazed ја фотографираше Пјер Дебушер, а стајлингот го направи модниот директор на магазинот Роби Спенсер. Јоланди во моментов го промовира научно-фантастичниот филм Chappie, нејзината прва голема филмска улога, а во своето прво соло интервју за овој магазин зборува за славата, мајчинството, лудиот животен стил, но и за тоа колку не е безбеден животот во родната ЈАР.
Во последниот спот на Die Antwoord, Ugly Boy од албумот Donker Mag, се појавуваат манекенката Кара Делевињ, Мерилин Менсон, Дита Фон Тис, Фли од „Ред Хот Чили Пеперс“, актерот Џек Блек и лик го реферира на енигматскиот Афекс Твин.
Нема коментари